Restaurant Hub — Дигитализација на ресторани - за современо гостопримство.
Restaurant Hub е иновативна алатка за современи ресторани која овозможува лесно управување со резервации на маси, класично мени, дневни мениа и понуди, дигитално мени (QR code) и прикажување на сите на вашата веб страна. Без разлика дали сакате да го поедноставите процесот на резервација, да дизајнирате импресивни менија или да создадете онлајн присуство, Restaurant Hub е тука за вас.
ABOUT THIS APP
Дигитализацијата е клучот за успехот на вашиот ресторан!
Освојте го пазарот со моќта на дигитализацијата! Споделувајте ексклузивни акции, дневни менија, споделете настани и специјални попусти директно со вашите клиенти. Презентирајте ги вашите кулинарски способности преку класичното мени и дигиталното мени и отворете им го апетитот на посетителите. Достигнете поширока публика, зголемете ја довербата и пополнете го секое слободно место во вашиот ресторан преку онлајн формата за резервација. Вашите понуди ќе бидат секогаш на дофат – привлекувајте нови гости и гради долгорочна лојалност со модерни дигитални решенија.
Дигитализацијата како маркетинг алатка
Подобрена онлајн видливост – Вашиот ресторан ќе биде полесно достапен за потенцијалните клиенти преку споделување на менија, промоции и новости на социјалните мрежи и веб-страници.
Зголемена интеракција со клиентите – Овозможете им на гостите да остават рецензии, да ги споделуваат вашите јадења и да комуницираат со вашиот бренд преку дигитални канали.
Промоции и известувања – Информирајте ги вашите клиенти за нови специјални понуди, настани, сезонски менија и попусти во вистинско време, директно на нивните уреди.
Поедноставено градење на лојалност – Со дигитално присуство и редовна комуникација, создавате препознатливост и гради долгорочни односи со клиентите.
Објавување на настани и евенти – Лесно креирајте и објавувајте настани на вашата веб-страница. Информирајте ги посетителите за специјални вечери, дегустации, музички настапи и други ексклузивни настани што ќе го привлечат вниманието и ќе го зголемат интересот.
Лесни и Брзи Резервации на Маси
Овозможете им на вашите клиенти лесно да резервираат маса директно преку вашата веб-страница. Управувајте со резервациите во реално време – одобрете или одбијте барања со автоматски известувања по е-пошта. Зголемете ја пополнетоста на ресторанот и намалете ги пропуштените резервации. Вие ја имате целосната контрола над резервациите и нивната организација преку апликацијата Restaurant HUB.
**Дигитално Мени – QR Код **
🚀 Дигитално мени со QR-код – вашите гости можат со едноставно скенирање да го прелистаат менито, специјалните понуди, настаните и попустите. Современ начин за подобро корисничко искуство!
Прилагодете го изгледот на вашето дигитално мени без потреба од програмирање - лесно , брзо и едноставно за секој корисник.
Бенефити од Дигитално Мени
Достапност за сите локални посетители – Вашето мени е секогаш лесно достапно онлајн, без разлика дали клиентите се дома, на работа или во движење.
Зголемена доверба – Транспарентноста на менито со јасно наведени цени и информации за јадењата им дава сигурност на гостите при нивниот избор.
Современ пристап – Овозможува дигитална интеракција со вашите гости, што ја подобрува нивната целокупна искуственост и ангажираност.
Прилагодливи Виџети за Вашиот Ресторан
Користете го интегрираниот Создавач на Виџети за целосна персонализација. Дизајнирајте менија и резервациски форми што совршено се вклопуваат со брендот на вашиот ресторан.
Лесна Интеграција со Вашата Веб-страница
Со едноставни кодни фрагменти (embed code), без напор можете да ги вградите менито и формата за резервации на вашата веб-страница. Без потреба од техничко знаење!
Креирајте Функционалности Без Програмирање
Платформата е создадена за секој да може сам да креира функционалности на веб-страна, како Book a Table, Дигитално Мени или Објавување на Настани, без потреба од програмирање. Едноставно внесете ги информациите во платформата, која ве води низ секој чекор. И доколку нешто ви е нејасно, секогаш ја имате нашата бесплатна корисничка поддршка за помош.
👉 Restaurant Hub е идеално решение за модерни ресторани – автоматизирајте го процесот на резервации и управувањето со менија, фокусирајќи се на она што е најважно: создавање незаборавно гастрономско искуство за вашите гости.
INFORMATION
Extensions

Digital Menu
Активирањето на оваа екстензија ќе ви овозможи да креирате и приспособите дигитално мени до кое ќе биде достапно и со QR-код што можете да го генерирате и преземете.

Promotion
Лесно управувајте и прикажувајте ги вашите промоции на вашата веб-страница со нашиот виџет. Креирајте, закажете и прикажете специјални понуди за да привлечете повеќе клиенти и да ја зголемите ангажираноста.
Plans & Pricing
Reviews
Frequently asked questions
Yes. Edit once and publish to QR-code menus, your website, and a printable PDF. Daily menus and seasonal items can be scheduled to publish/unpublish automatically.

